Род: Надал сега е меѓу фаворитите на Вимблдон

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Франциско Роџ, денеска изјави дека Надал сега е меѓу фаворитите за титулата на Вимблдон.

Шпанецот, победник оваа сезона на Австралија опен и Ролан Гарос, денеска ќе игра во четвртфиналето на Грен слем турнирот во Лондон (не пред 16 часот) против Американецот Тејлор Фриц.

„Целта беше секој ден да игра подобро. Сега сме во друга ситуација. Со оглед на тоа како стојат работите во последно време, можеме да бидеме задоволни и по три години без играње на трева. Кога стигнавме не размислувавме за трофејот , но Рафа сега е меѓу фаворитите“, изјави Роџ, а пренесува официјалниот сајт на АТП.

Тренерот на Надал се осврна и на Тејлор Фриц, кој годинава го совлада Шпанецот во финалето на Мастерсот во Индијан Велс (6:3, 7:6).

„Тејлор е перспективен играч. Тој се подобри многу, ги постигнува најдобрите резултати во кариерата. Сега одлично ја удира топката, во минатото имаше проблеми со движењето. Сега се движи многу подобро и тоа е зошто го подобри својот пласман на АТП-листата. Многу е опасен на трева, ја удира топката силно. Ќе мораме да имаме многу добар ден“, изјави Роџ, кој со Надал работи од 2005 година.

Слични содржини