Роденден на иконата на гранџот: Курт Кобејн би наполнил 53 години

Курт Кобејн, фронтменот на американската гранџ група Нирвана, кој почина на 5 април 1994 година, денеска би наполнил 53 години, додека неговата музика и по повеќе од две децении од неговата смрт, се уште влијае врз младите генерации.

Курт Доналд Кобејн роден на 20 февруари 1967 година во Абердин, САД, беше фронтмен, текстописец и гитарист на гранџ гупата Нирвана од Сиетл. Со успехот на бендот, Кобејн стекна огромна слава која тешко ја прифати.

Кобејн и Нирвана силно влијаеа врз развојот на музиката, популаризирајќи го посебниот правец на андерграунд музиката – гранџ. Многумина сметаат дека неговиот допринес во мизичката индустрија засекогаш го промени звукот на поп музиката и остана меѓу највлијателните музичари, иако неговите блиски велат дека тоа не била негова намера.

Најпознатата песна на Кобејн „Smells Like Teen Spirit“ во 1991 година го обележа почетокот на драматичносто повлекување на некои, до тогаш, доминантини жанрови во музиката. Подоцна е прогласена за „химна на генерацијата“, а Кобејн, благодарение на тоа, ја доби титулата претставник на „Генерацијата Икс“. Видео спотот за таа песна останува и понатаму популарен на Јутјуб, иако го гледаат и личности кои не биле ниту родени во тоа време.

Други познати песни песни се: Lithium, About a Girl, Polly, In Bloom, Come as You Are, Heart0Shaped Box, All Apologies и контроверзната Rape Me.

Албумот Nevermind и понатаму се смета за ремек-дело на алтернативниот рок.

Кобејн изврши самоубиство на 27 години, пукајќи си во глава со пушка, а покрај него било најдено проштално писмо напишано со црвено мастичо и последниот албум на Нирвана In Utero. Кобејн зад себе ја остави сопругата, пејачката Кортни Лав со која ја има ќерката Френсис Бин Кобен, која имала нецели две години кога починал татко ѝ.

Слични содржини