Роденден на општина Аеродром со изложбено пано: Аеродром во минатото, сегашноста и иднината!

Општина Аеродром денеска ќе постави изложбено плато на отворено „Минато, сегашност, иднина“ по повод 16 години постоење на Општината.

-На платото ќе бидат изложени сите досегашни и идни проекти што ја водеа општина Аеродром да стане прва општина со европско знаменце, соопшти Општина Аеродром.

Со оглед на најновите мерки и препораки за заштита од пандемијата со Ковид-19, Општината одлучила 16. роденден да го одбележи скромно и на отворен простор, во паркот „Авионче“.

Градоначалникот Златко Марин ќе додели три признанија на заслужни жители на Општина Аеродром за 2020 година.

Слични содржини