Родено првото бебе во светот со антитела на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Жена од Флорида, според лекарите, го родила првото бебе во светот кое имало антитела на коронавирусот.

Имено, како што пренесе „Индипендент“, оваа жена примила една доза од вакцината против корона додека била бремена, а според лекарите, нејзиното дете веќе има антитела.

Во случајот за кој експертите велат дека може да има значителни импликации во напорите за борба против пандемијата, беше објавено дека жената била вакцинирана со вакцината на „Модерна“ во 36-та недела од бременоста.

Таа се породила три недели подоцна, кога на свет донела здраво девојче. Во јануари од девојчето беше земен примерок од крв и беше извршен ДНК тест.

„Тестиравме за да видиме дали антителата на мајката се пренесени на бебето по вакцинацијата“, изјавил педијатарот д-р Пол Гилберт, додавајќи:

„Според нашите сознанија, ова е првото бебе во светот кое се роди со антитела по вакцинација“.

Д-р Гилберт и уште еден лекар на Флорида, Чад Рудник, ги објавија наодите во онлајн списанието, medRkiv.

Слични содржини