Роџерс не сака да седне на клупата на Њукасл

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс нема намера да ја преземе клупата на Њукасл, пишуваат британските медиуми.

Претходните денови, најавувана беше можноста Роџерс да биде наследникот на Стив Брус на клупата на „страчките“.

Роџерс е среќен во Лестер и смета дека има уште многу незавршени работи во клубот.

Тој е на клупата на Лестер од 2019 година кога дојде од Селтик. Со него на клупата, Лестер го освои ФА Купот во мај, а потоа и Комјунити Шилд во август.

Тимот ја заврши сезоната на 5 -то место двапати во Премиер лигата.

Слични содржини