Родик: Ѓоковиќ би можелa да го тренира и мојата мачка

од Симе Стоиков

Кој ќе биде новиот тренер на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ е главна тема во светот на тенисот. Србинот по раскинувањето со Горан Иванишевиќ тренира под будното око на Ненад Зимоњиќ, а многумина веруваат дека и официјално ќе стане член на тимот на Ѓоковиќ.

Свое мислење за целата ситуација даде и познатиот американски тенисер Енди Родик.

– Тоа е веќе чудно поставено прашање; дали му треба тренер? Мислам дека мојата мачка може да го тренира и да заврши прилично добра работа, веројатно би добил многу натпревари.

– Мислам дека му треба некој, не сака да оди на „пробно возење“ без тренер пред Ролан Гарос и Вимблдон. Да сум на местото на Новак и да имам освоено толку многу Гренд Слемови, би сакал некој кој е доследен и со кој нема да се чувствувам како штотуку да го запознавам.

– Значи, мојот ум автоматски се врти кон Маријан Вајда, бидејќи тој е човек кој е внатре и личи на конзистентна полиса за осигурување. И тој, повеќе од кој било друг, му помогна на Новак да се развие и да се претвори во личност, а не само да следи други успеси.

Слични содржини