Rodin FZero

од Vladimir Zorba

Новозеландската компанија Rodin Cars го претставува својот хиперавтомобил наречен FZero.

Станува збор за хиперавтомобил наменет исклучиво за патеката, но во план е и патна верзија. FZero изгледа како Batmobile, тоа е едносед со должина од 5.500, широк 2.000 и висок 1.130 mm, додека меѓуоскиното растојание е 3.000 mm.

Иако е доста голем, Rodin FZerо тежи само 698 килограми и тоа со потребните течности. За да биде што е можно полесен, користен е карбон. Од нос до опашка, шасијата е јаглеродна, додека напред и назад се карбон-керамички сопирачки. Автомобилот е опремен со 18-инчни магнезиумски OZ Racing тркала со Avon „сликови“.

Во срцето на хиперавтомобилот е 4,0-литарски V10 твин-турбо мотор за кој Rodin тврди дека е револуционерен. Тоа е всушност целосно нов мотор развиен во соработка со компанијата Niel Brown Engineering, која развива 986 КС и 910 Nm вртежен момент. Силата се пренесува преку осумстепен менувач Ricardo.

Споменатиот V10 мотор е потпомогнат од електромотор, а комбинираната моќност е 1.160 КС и 1.026 Nm вртежен момент и целосно се пренесува на задните тркала.

Rodin планира да произведе само 27 примероци, а првите испораки се очекуваат следното лето.

На крајот на оваа година ќе биде тестиран прототип кој ќе создаде 4.000 килограми надолна сила и ќе достигне максимална брзина од 360 km/h.

Не се очекува патна верзија на FZero пред да се распродаде верзијата за патеката.

Слични содржини