Родители им се заканувале на полицајци кои сакале да му пишат казна за неносење маска на нивниот син

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Битола поднело предлог за казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие, против две лица на возраст од 40 и 43 години.

Според извештајот на полицијата, на 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето, по што тој одбил да се легитимира.

„Во тој момент дошле неговите родители кои го повлекле назад и започнале да им се закануваат на полициските службеници. Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година“, соопштија од ОЈО Битола.

Слични содржини