Актуелно
Почетна / Македонија / Родителите на шестмесечната Бисера бараат помош

Родителите на шестмесечната Бисера бараат помош

Малата Бисера од Прилеп која од своето раѓање и било дијагностицирана конгенитална варичела, сеуште води борба со своите родители на Детската клиника во Скопје.

Тие неколку пати побарале помош од докторите кои ја лекувале и сите останати надлежни. Според мајката на малата Бисера,  откако се наоѓаат во клиниката Бисера се здобила со дополнителни бактерии и вируси кои и ја отежнале состојбата.

Мајката Александра појаснува дека на 5 деца кои се наоѓаат на клиниката само една медицинска сестра водела грижа. Се пожали дека немаат топла вода за да ги извршат основните потреби особено во моменталната ситуација на вирусот КОВИД – 19, дополнително појасни дека немаат ниту хигиеничари.

Во моментот состојбата на мајката е влошена поради вирус кој се здобила од малата Бисера а за кои се уште чекаат резултати да им се каже за каков вирус станува збор. Мајката Александра се пожали дека на моменти е со покачена температура, а додека малата Бисера е симната на интензивна и дека состојбата и е стабилизирана.

Таа апелира да се најде решение за состојбата на Бисера бидејќи и според лекарите и било кажано дека Бисера е една од илјада во светот со ретка дијагноза, па поради тоа родителите на Бисера бараат соодветна нега и внимание од стручни здравствени лица. Дополнително стравуваат од моменталната состојба во која с енаоѓа целата држава со корона вирусот.

Публикувахте от Aleksandra Aleksoska в Сряда, 25 март 2020 г.

loading...