Родителите носат потврди, се чека зелено светло за отворање на градинките

од Берта Китинска

Денеска ќе се одржи состанокот меѓу Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се разгледуваат протоколите за работа на градинките.

Од градинките веќе започнаа да испраќаа соопштенија во кои се известуваат родителите дека треба да донесат потврди за тоа дали нивното дете ќе оди од септември детето ќе биде згрижено во нивната установа.

-За повторно згрижување на вашите деца во градинка, потребно е да доставите потврди од работодавецот за двата родители дека работните задачи задолжително мора да ги извршувате од вашето работно место, без можност за работа од дома. Доколку е самохран родител, се доставува само една потврда, се наведува во соопштението од граднинките.

Пред еден месец Комисијата за заразни болести ги објави протоколите кои ќе се спроведат во градинките. Предлози беа во насока на начинот на одржување на хигиената , начинот на постапување и работа со децата кој треба да биде на дистанца меѓусебна , персоналот кој работи да има лична заштитна опрема, хранењето да биде во неколку етапи , да се игра во отворени услови и со дистанцирање , да се постават посебни коридори на движење, начинот на спиење во креветчињата да е изменет да има раздалеченост на креветчињата и да се контра свртени дечињата да не се со глава до глава туку глава нозе и да се мери температурата при влез и да се одржува врвна хигиена.

Од Асоцијацијата на приватни установи за деца „ПОЛЕТ“ вчера упатија апел дека стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници деца ќе бидат незгрижени, а приватните градинки затворени ако државата не помогне.

Слични содржини