Родителите споделија причини зошто не би имале деца, ако можат да го вратат времето

од Vladimir Zorba

На форумот „Mumsnet“ се појави интересна тема. Едно лице ги прашало другите дали, ако знаеле што ги чека, ќе одлучеле да станат родители.

„Ми се чини дека ова е табу тема. Јас ги слушам вашите мислења“, гласи описот на прашањето што разгори дебата меѓу родителите.

Многумина велат дека жалат што имаат деца, а потоа ги објасниле причините што стојат зад тоа.

„Не, не би. Дури кога станав мајка, сфатив каков посран живот живееме. Беше добро кога бебето беше мало, но сега тој е скоро возрасен и воопшто не е убаво“, напиша една мајка.

„Ги обожавам моите деца. Неизмерно ги сакам, но кога би можела да се реинкарнирам би избрала живот без деца. Луѓето кои немаат деца водат неверојатен живот и јас сум страшно љубоморна на нив. Би сакала да се обидам да живеам на тој начин“, се довери друга.

„Не, никогаш! Секако, треба да се знае што знам сега, но да знаев како ќе се чувствувам како мајка, никогаш немаше да имам деца“, признава трета.

Постојат и такви кои тврдат дека се чувствуваат постари уште од раѓањето деца, но исто така и такви кои не би брзале со бременоста ако можат да го вратат времето.

„Одеднаш треба да станеш страшно одговорна личност, да ги ставиш своите потреби зад потребите на детето, да ги испланираш своите денови кон децата и веќе не си своја. Навистина ми недостасува слободата и тој начин на живот кога не треба да се грижиш за никого освен за себе“, рече четврта.

Многумина коментираат дека би се одлучиле за само едно дете, а има и такви кои не би си го замениле животот за ништо на светот.

„Искрено, ќерка ми ми донесе радост и среќа. Никогаш не би ја сменила“, „Да, апсолутно. Моето најстаро дете ме спаси и животот без деца ќе ми биде незначителен“, „Понекогаш жал ми е што немам повеќе деца“, рекоа оние кои не жалат за својата одлука да станат родители.

Слични содржини