Родри: Винисиус не би бил ни втор во мојот избор за „Златната топка“!

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Родри, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, неодамна беше награден со „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во изборот на магазинот „Франс фудбал“.

Неговиот избор предизвика големи контроверзии, бидејќи многумина мислеа дека наградата ја заслужи фудбалерот на Реал, Винисиус Жуниор, кој беше втор во гласањето на новинарите.

Познато е дека Винисиус и Реал ја бојкотираа церемонијата на доделување, а Родри проговори како изгледало сето тоа од негов агол.

„Бев малку во неверување кога на доделувањето на трофејот половина од салата скандираше „Винисиус, Винисиус“. Како и да е, имаше голема почит кон мене од публиката, бидејќи тие станаа и ми аплаудираа на крајот. „Златната топка“ ја наградува постојаноста, тоа е најтешкото нешто во фудбалот. Не сум тој што ќе каже дали сум го заслужил тоа. Во 2023 година мислев дека можам да ја освојам по одличната сезона со Сити, а оваа година мислам дека бев уште подобар“, изјави Родри за „El Partidazo de COPE“.

Несомнено е дека признанието многу му значи.

„Сето тоа малку ти го менува животот, имаш период пред и потоа. Многу луѓе ми честитаа, најмногу ме возбуди честитката на Андрес Иниеста, кој исто така требаше да добие награда бидејќи беше најдобар фудбалер на историјата на нашата земја“, додаде Родри.

Секако, не ја заобиколи критичната точка во целата приказна, Винисиус и Реал. Тоа ризикува повторно да го запали пожарот.

„Јас би го избрал Дани Карвахал втор, а Винисиус трет!“

Не беше премногу возбуден што Винисиус и Реал решија да ја бојкотираат церемонијата.

„Не ме болеше што ги немаше. Тоа беше мојот момент, со моето семејство, последното нешто на што би помислил е луѓето кои не дојдоа на настанот. Дали добив честитка од Реал? Имаше некои од поранешните играчи како Начо или Хоселу, со кои играв. Не ми пречи што Винисиус не ми честита. Ме интересираат моите луѓе, семејството и клубот. Не би го направил тоа што го направија луѓето од Реал со тоа што не се појавија, па нема смисла повеќе да се зборува за тоа“, заклучи играчот од средниот ред на Манчестер Сити.

Слични содржини