Рохани: Иран никогаш нема да преговара со САД под притисок

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД.

– Иран никогаш нема да преговара под притисок… Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и никогаш нема да преговараме од позиција на немоќ, посочи Рохани.

Тој додаде дека „американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст“.

– Обезбедувањето мир и стабилност во чувствителниот регион Блиски Исток и Персиски Залив е невозможно без помош на Иран, потенцира Рохани.

Слични содржини