Рохани: Разговорите со Вашингтон се бескорисни

од Vladimir Zorba

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска зазеде пркосен став во однос на САД изјавувајќи дека „разговорите со Вашингтон се бескорисни“, додека нуклеарниот договор на светските сили со Иран дополнително се раситнува.

Ваквиот коментар Рохани го даде во говорот во Техеран при претставувањето на новиот ракетен систем „Бавар-373“.

Рохани, исто така, кажа дека „сега кога нашите непријатели не ја прифаќаат логиката, ние не можеме да одговориме со логика“.

-Кога нашиот непријател лансира ракета против нас, ние не можеме да одржиме говор и да кажеме „ракетен господине Ве молиме немојте да ја гаѓате нашата земја и нашиот недолжен народ. Ве молиме, стиснете го копчето и уништете го проектилот во воздухот, рече иранскиот претседател

Иран ја развива својата воена индустрија од 1992 година, пренесуваат американските медиуми.

Слични содржини