Ројтерс: Бајден донесе поинаков тон од Трамп на самитот Г7

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден постави „значително поинаков тон на самитот Г7 од неговиот претходник Доналд Трамп, дозволувајќи искрена и меѓусебна дискусија за глобалните теми, без сеење хаос“, изјавил за Ројтерс извор близок до разговорите во англиската област Корнвол, каде се собрале лидерите на Г7 земјите.

„Порано беше целосен хаос. Бевме на работ, цело време се обидувавме да го задржиме Г7 мирен, а сега веќе не треба да се грижиме повеќе за тоа“, рекол изворот.

Тој додал дека „сега можете да имате искрен разговор и не мора да ја започнувате темата со изјавата – Не, Русија нема да се врати во Г7“, додал изворот на Ројтерс.

Слични содржини