Ројтерс: Без Макрон, ниту Холанѓаните ниту Данците не би ги блокирале самите преговори со Македонија и Албанија

од Nikola Popovski

Последното големо проширување на ЕУ, кога се приклучија Романија и Бугарија во 2007 година, беше премногу избрзано и потребна е претпазливост при прифаќање на повеќе членови од регионот, погодени од корупцијата и криминалот, рече францускиот претседател Емануел Макрон. Во публикацијата за новите измени во процесот на прием на нови членки во ЕУ, Ројтерс го привлекува вниманието на француската позиција, а особено ставот на Емануел Макрон кон балканските земји во и надвор од Унијата.

Агенцијата тврди дека измените што ги предлага Европската комисија во системот на прием на нови земји ќе бидат со цел да им се овозможи на постојните членки „да кажат повеќе“ и да ја направат нивната позиција појасна. Ќе се направи обид, според Ројтерс, да се „смири“ Франција, која „стави вето на проширувањето на Унијата на шест земји на Балканот“.

Комисијата се надева дека ќе ја убеди Франција да ги повлече своите приговори, пред самитот во Загреб со балканските земји во мај.

„Макрон стана најдиректната фигура кај европските политичари“, продолжува Ројтерс. „Според францускиот претседател, последната голема експанзија, кога Романија и Бугарија се приклучија во 2007 година, беше премногу избрзана и потребна е претпазливост при додавање на повеќе членови од регионот зафатен од корупција и криминал“.
Измените, кои Комисијата се очекува да ги открие во среда, ќе им дадат на постојните членови моќ да го замрзнат пристапниот процес за нови земји или да ги принудат страните да ги започнат преговорите за влез во одредени области од политиката од самиот почеток, се вели во текстот. Ќе се одржат повеќе состаноци на Балканот за да се даде поголема прегледност на политичарите за овој процес.

„Макрон сака да се смета за водечка фигура во Унијата и мораме да го земеме предвид тоа, бидејќи се става во прашање довербата на ЕУ“, се цитира највисокиот претставник на ЕУ во реформите.

Сепак, предлозите на Комисијата ќе се спротивстават на некои француски барања, според извори, меѓу кои се и средствата за нови членки, да доаѓаат од пари наменети за сиромашните земји кои веќе во ЕУ. Ваквиот потег, според официјалните претставници на ЕУ, би ја загрозил поддршката за проширување на штета на постојните сиромашни членки.

Еден член на ЕУ рече дека сè уште не е јасно дали Франција ќе биде задоволна од новите предлози: „Со Макрон имаме 60% шанси за успех. Сите други влади во ЕУ исто така мора да се согласат со новиот метод “, рече неименуваниот извор.

„Другите земји, вклучително и Холандија и Данска, исто така се скептични во врска со проширувањето, но во ЕУ велат дека доколку можат да ја убедат Франција да ги повлече своите забелешки, тие земји веројатно ќе го следат тоа“, велат изворите. Висок официјален претставник на ЕУ, исто така, изјави: „Без Макрон, ниту Холанѓаните ниту Данците не би ги блокирале самите преговори; со сигурно не за северна Македонија, веројатно дури ни за Албанија “.

Слични содржини