Ројтерс објави документ: ЕУ веќе не гарантира членство на никого

од Nikola Popovski

Европската унија, плашејќи се од политички реакции од земјите-членки, повеќе не може да се согласи да обезбеди гаранции за идното членство на шесте балкански земји што им ветија место во блокот, објави Ројтерс, повикувајќи се на четворица неименувани дипломати и внатрешен документ.

Застојот околу прогласувањето на самитот на ЕУ и лидерите на Балканот, на 6 октомври, ја претставува најслабата точка на стратегијата на ЕУ за воведување на Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија во блокот, што, како што е наведено, се совпадна со ескалација на тензиите на административната линија меѓу Србија и Косово.

На самитот, ЕУ има намера да го повтори ветувањето од пред 18 години за „давање недвосмислена поддршка на европската перспектива на Западен Балкан“, стои во нацрт -декларацијата на самитот од 11 септември, во која британската агенција имаше увид.

Дипломатите велат дека биле одржани најмалку две рунди преговори кои не резултирале со договор.

Државите на ЕУ не сакаат да ги откријат своите ставови, пренесува Ројтерс, додавајќи дека богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на сценариото за забрзано пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и лошото управување со миграцијата на работниците од Источна Европа кон Британија., што е, како се оценува, сврте многу Британци против Унијата.

Слични содржини