Ролована свинска плешка

од desk2

Мирисливо парче месо во комбинација со шампињони, кисели краставички, лук …


Потребно е:
1 кг свинска плешка без коски
200 г кисели краставички
100 г шампињони
1 чешне лук
250 мл пиво
малку свеж рузмарин
маслиново масло
4 лажичиња сенф
сол, бибер
Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте ги на листови. Ставете ги да се динстаат на маслиново масло.
– Кај печурките додадете го сецканото лукче, сол, бибер и сецкан свеж рузмарин.
– Месото одвоите го од коските и малку истенчете го со дрвен чук. Убаво посолете го од сите страни и премачкајте го со масло и сенф. Сега распоредете ја рамномерно горната смеса, завиткајте го месото како ролат и заврзете го со кујнски конец за да не ви истече внатрешната содржина додека се пече.
– Ролатот ставете го во намастена тава и прелијте го со пиво. Намачкајте го и одозгора со сенф.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути. Додека се пече од време на време преливајте го со сокот од дното на тавата.
– Кога ќе се испече извадете го од рерна и оставете го малку да се излади. Потоа извадете го конецот и исечете го внимателно на парчиња.

Слични содржини