Ролс-Ројс ќе соработува со Интел во производството на автономни бродови

од Vlatko K

Ролс-Ројс официјално потврди дека влегле во стратешки договор со Интел, кој е од долгорочен карактер. Желбата на двете компании е да стане глобален лидер во производството на автономни бродови. Инженерите на Ролс-Ројс напорно работат на такви технологии осум години и имаат амбициозни планови за развој во овој сегмент. Компанијата веќе си постави за цел официјално да го претстави својот прв брод пред 2025 година.

Првиот чекор кон постигнување на оваа цел е системот за рано предупредување Intelligent Awareness, кој користи мрежа од камери, радар и LIDAR инсталации. Дополнителен софтвер со машинска обука ги обработува информациите во реално време и им овозможува на машините да се ориентираат во просторот. Партнерството со Интел ќе овозможи испорака на 3D NAND базирани SSD-дискови и моќни Intel Xeon ќе се грижат за чување на информациите. Секој ден ќе се генерираат приближно 1TB податоци.

Системот ќе открие од далечина други големи објекти и ќе има функција за рана заштита од природни катастрофи. Компјутерската програма ги следи опасностите во реално време на патот и веднаш може да информира за присуството на такви опасности. Ролс-Ројс веќе ги спроведе првите јавни тестови со прототипови на автономни бродови и е охрабрен од резултатите. Партнерството со Интел ќе им го обезбеди потребниот хардвер за реализација на оваа амбициозна цел.

Слични содржини