Рома на Мурињо е петтиот најголем „трошач“ ова лето

од Vladimir Zorba

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ја презеде Рома, а со доаѓањето на „Специјалниот“, челниците на римскиот клуб мораа да ги отворат паричниците и да трошат пари за засилувања.

Во досегашниот дел од преодниот рок, „волчицата“ потроши 97,7 милиони евра за засилувања, што ги прави петти во Европа. Само четири англиски клубови, ривалите од Манчестер, Челси и Астон Вила, кои одлучија да го инвестираат обештетувањето добиено од трансферот на Џек Грилиш, потрошија повеќе од Рома.

Манчестер Сити потроши 127,5 милиони евра, два и пол милиони повеќе од Јунајтед, Челси издвои 115 милиони за Ромелу Лукаку, додека Астон Вила издвои 105,6 милиони за нови играчи.

Најскапо засилување на Рома е Тами Абрахам. Англискиот напаѓач пристигна од „Стемфорд бриџ“ за 40 милиони евра.

Покрај него, Елдор Шомуродов од Џенова пристигна во Рим за 17,5 милиони, Матијас Вина од Палмеирас за 13, Руи Патрисио од Вулверхемптон за 11,5 милиони евра, Роџер Ибанез за девет и Брајан Рејнолдс кој беше купен од Далас за 6,7 милиони европски банкноти.

Слични содржини