Романија ѝ врачи протестна нота на Австрија поради неправеден однос за приемот во Шенген

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреска, ја повика амбасадорката на Австрија во Букурешт, Аделхајд Фоли, за да ѝ врачи протестна нота поради неправеден и непријателски однос на Австрија во однос на приемот на Романија во Шенген.

Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.

Уложен протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кои романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во таа земја.

„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, соопштуваат од министерството за надворешни работи на Романија.

Слични содржини