Романија протера руски дипломат

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи на Романија го прогласи помошникот воен аташе на Русија, Алексеј Гришаев, за персона нон грата, објави прес-службата на Министерството.

„Романското Министерство за надворешни работи објави дека романските власти одлучија да го прогласат помошникот воен аташе на руската амбасада во Букурешт за персона нон грата на романска територија“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Слични содржини