Романо посочи кои тимови се во трка за Халанд

од Vladimir Zorba

Трансфер гуруто и најсигурниот трансфер извор во светот – Фабрицио Романо, детално објасни како би можела да изгледа трката за Ерлинг Халанд.

Душан Влаховиќ го избра Јувентус, па Сити и Барселона веќе немаат план Б и ќе мора да ги фрлат сите карти за Норвежанецот, а Реал Мадрид сонува за тандемот Халанд-Мбапе.

Романо тврди дека само овие три клуба се во игра, но дека секој од нив има предности и недостатоци во оваа трка.

Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити жестоко ќе се борат да го доведат Ерлинг. Барселона има големи шанси да го доведе, но нема да биде лесно. Сепак, сите три клуба се во прилично слична ситуација кога се во прашање пречките за овој трансфер.

Мино Рајола отсекогаш работел на начин што ги продавал своите играчи на клубови со чии лидери или тренери има добри односи. Затоа Сити е во неповолна позиција бидејќи Рајола има многу лоши односи со Пеп Гвардиола од трансферот на Златан Ибрахимовиќ, но и со неколку луѓе од нивната управа. „Сепак, тие сепак ќе се обидат да го донесат Халанд“, рече Романо во својот подкаст и продолжи:

„Пречка на Реал е Килијан Мбапе. Рајола и Халанд сакаат тој да биде главна ѕвезда во тимот, а во Реал со Мбапе нема да биде така. Пречка на Барселона е опасноста да остане без Лигата на шампионите следната сезона. Кога се ќе биде додадено и одземено, сите се речиси во иста позиција, а Ерлинг сигурно нема намера да донесе одлука во скоро време. Борусија Дортмунд го притиска да се изјасни за својата иднина, но Рајола и Халанд нема да го сторат тоа сега, особено затоа што Мино моментално има некои здравствени проблеми, поради што е во болница“, објасни Романо.

Слични содржини