Романски медиуми: Пандев и Ангеловски го прекршија протоколот на УЕФА, беа на вечера со семејствата

од Берта Китинска

Романските медиуми пишуваат дека селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своите семејства по поразот од Украина одлучиле да го напуштат карантинот и да заминат на вечера во еден од рестораните во Букурешт.

Пандев е фотографиран додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Македонија, од ЕУРО 2020.

Според романскиот „Проспорт“ , капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.

Останува да видиме, дали навистина се случило ова, или романските медиуми излегоа со дезинформации.

Македонската репрезентација патува за Амстердам каде ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП против селекцијата на Холандија.

Слични содржини