Во видеозаписот кој Викторија Бекам го споделила на Инстаграм, нејзиниот сопруг Дејвид открива како се вљубил во неа.

Дејвид и Викторија Бекам го пречекаа неговиот 40-ти роденден во Мароко

Во видеото на дизајнерката, личност која не се гледа го прашува младиот фудбалер зошто ја сака тогашната поп ѕвезда.

„Зошто се вљуби во Викторија?“, прашува.

„Не можам да одвојам една рбаота, имаше многу работи, цел пакет. Едноставно се вљубив“, рекол фудбалерот додека Викторија се смешка.

View this post on Instagram

So sweet! I love u @davidbeckham x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Во мене?“, прашува Викторија.

„Да, во тебе душо“, рекол тој и додал: „Мислам дека е време да одиме“.

Поранешната Спајсица весело го прашува: Досадна ли сум?

„Не душо, совршена си, но уморен сум“, вели Дејвид пред да го прегрне Викторија.

Вртејќи се кон камерата, Викторија прашува: „Многу е секси, зар не?“

Во описот на видеото, модната дизајнерка напишала: „Толку слатко! Те сакам.“

Нејзиниот сопруг ѝ одговорил во коментарите шегувајќи се на сметка на својата облека, црвена бандана и црвено бела јакна.

„Ми се чини дека ова беше фазата ‘пејам во бој бенд’. Зошто ми дозволи да го носам ова?“

Парот се венча на 4 јуни 1999 година во Ирска, а на венчавката бил присутен и нивниот најстар син Бруклин, кој тогаш имал четири месеци. Минатата година прославија 20 годишнина брак објавувајќи фотографии од својата долга врска.

„Ете, 20 години, погледнете што создадовме! Многу те сакам“, напишал Дејвид, спомнувајќи ги четирите деца.

Дејвид и Викторија ги добиле и синовите Ромео, 2002 година и Круз, 2005 година, а потоа во 2011 година на семејството се придружи и нивната единствена ќерка Харпер.

Викторија исто така ја обележа годишнината поставувајќи фотографии кои ја потврдуваат нивната љубов од самиот почеток до денес.

„Дваесет години денес. Многу те сакам. Бакнежи за Дејвид“, напишала Викторија.

Слични содржини