„Роналдињо ми пријде во тунелот и ми го даде дресот – Те молам немој повеќе да ме удараш“

од Stefanija Kuzmanovska

Сите знаеме дека Роналдињо беше голем мајстор на фудбалот и незапирлив за многу чувари. Единствениот начин да го запрете беше „поштено да го претепате“ на теренот, а токму со таа тактика се служел Пабло Алварез, поранешен дефанзивец на Катанија, пренесе „б92“.

Тој раскажа анегдота од денот кога славниот Бразилец го носеше дресот на Милан.

Дури после 45 минути од нивната прва средба, Роналдињо му пришол на Аргентинецот со искрена молба.

-Штом заврши првото полувреме на Сан Сиро, се упативме кон соблекувалната и тој дотрча до мене во тунелот. Го соблече својот дрес, ми го даде и ми рече: „Земи го, Алварез. И те молам немој повеќе да ме удараш“ – раскажал Алварез.

Немаше друг начин да се запре Роналдињо.

-Невозможно беше да се игра против него. Тој леташе, беше беспрекорен. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот – истакна Алварез.

Слични содржини