Роналдињо се потпиша на гради на навивачка (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо последен пат се појави на теренот пред шест години, но тој сè уште има многу фанови ширум светот.

Бројни обожаватели се уште сакаат фотографија и негов автограм, па една девојка го замоли Бразилецот да се потпише на не толку типично место – што тој не одби.

Девојката во маица без градник побара автограм на градите, а Роналдињо го прифати нејзиното барање.

Потсетуваме, минатата година Роналдињо и неговиот брат Роберто беа уапсени кога се обидоа да влезат во Парагвај со лажни пасоши.

Според нивното тогашно соопштение, поранешниот ас на Барселона и неговиот агент, отишле во Асунсион на хуманитарна акција, со цел да учествуваат во помагањето на лекувањето на децата чии родители се сиромашни.

Тие поминаа нешто повеќе од еден месец во затвор, кога платија кауција во износ од 1,6 милиони долари.

Слични содржини