Роналдињо се враќа во Бразил, ја призна вината на Парагвајците

од Vladimir Zorba

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо конечно може да се врати во својата татковина.

Со месеци, поранешниот ас на Барселона, Милан, Пари Сен Жермен се соочуваше со кошмар во Парагвај, каде што беше дури и во затвор заедно со неговиот брат Роберто де Асис.

Сепак, нивните адвокати постигнаа договор со парагвајските власти за изјаснување за вина и тие наскоро ќе бидат слободни граѓани.

Локалниот јавен обвинител побара затворање на истрагата против Роналдињо и Роберто, а во консултација со судијата го закажа последното рочиште, по што Бразилците конечно ќе можат да го напуштат Асунсион, каде се наоѓаат во куќен притвор.

Претходно, легендарниот фудбалер и неговиот брат, како и менаџерот, треба да признаат вина дека влегле во Парагвај со лажни пасоши, а за тоа ќе треба да платат казна во висина од 200.000 долари.

Сепак, она што е добра работа за Роналдињо во целата приказна е дека криминално досие нема да му биде отворено и дека ќе може слободно да патува, додека тоа не важи за неговиот брат, на кого нема да му биде дозволено да го напушти Бразил наредните две години.

Слични содржини