Роналдињо ужива во домашен притвор: Забави, модели и реки алкохол

од Vladimir Zorba

Бразилецот Роналдињо беше во центарот на вниманието на почетокот на годината. Тој беше уапсен на почетокот на 2020-та затоа што влезе во Парагвај заедно со неговиот брат Роберто со лажен пасош.

Роналдињо помина 33 дена во затвор. Тој беше ослободен по плаќање кауција, што изнесуваше 1.600.000 евра. Тој сега е во градот Асунсион, во Парагвај, каде ја издржува преостанатата казна под куќен притвор, во луксузен хотел. Дневниот весник „Хој“ пренесува дека на Роналдињо воопшто не му е лошо во куќен притвор.

Тој прави забави кои траат цел ден. Медиумите јавуваат дека музика се слуша во текот на целиот ден и дека алкохолот постојано се доставува до Бразилецот во хотелот. Покрај тоа, разни модели постојано доаѓаат во хотелот и си заминуваат во автомобили со затемнети прозорци само кога ќе зазори.

Слични содржини