Роналдо ќе плаќа 283 илјади евра месечно за сместување во хотел во Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо ќе плаќа вртоглави 283.000 евра месечно за хотел во Саудиска Арабија додека не си најде сопствено сместување.

Роналдо се пресели во Саудиска Арабија со своето големо семејство откако таму потпиша со Ал Наср до 2025 година. Роналдо и неговото семејство престојуваат во хотелот Four Seasons во Кралската кула, една од највисоките згради во земјата и ќе останат таму додека не најдат доволно добро и задоволително сместување.

Според Mail Online, Роналдо ги резервирал најдобрите апартмани во хотелот еден месец, а само една ноќ во кралскиот апартман чини околу 3.700 евра. А бидејќи таму ќе остане најмалку еден месец, а ќе плаќа неколку апартмани одеднаш, како и други услуги, цифрата наводно ќе изнесува наведените 283 илјади евра, а можеби и повеќе.

Слични содржини