Роналдо бесен на Џорџина поради ВИДЕО на Инстаграм

од Vladimir Zorba

Девојката на Кристијано Роналдо – Џорџина Родригез, објави интересно видео на својот профил на Инстаграм во кое се открива нејзина интересна тајна.

Шпанката на своите следбеници на социјалната мрежа им ги откри првите обиди на нејзината ќерка Алана Мартин да почне да зборуваат. Родригез се породи на 12.11.2017 година и е единственото од четирите деца на Роналдо, чија мајка е позната.

Сепак, Португалецот не беше задоволен од видеото на Џорџина, па дури и беше бесен од постапките на неговата сакана. Тој сакал да ги чува сите вакви моменти од животот на својата ќерка само во семејството и надвор од јавниот домен, пишува шпанското издание на „Дон Балон“.

Како што знаете, Кристијано Роналдо има уште три деца – неговиот син Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео. Сите тројца се родени од сурогат мајки чиј идентитет се чува во тајност.

Слични содржини