Роналдо блиску до неочекуван трансфер во Италија

од Vladimir Zorba

Иако од редовите на Манчестер Јунајтед можеше да се слушне дека Кристијано Роналдо следната сезона ќе го носи дресот на тој клуб, од Италија пристигнуваат бомбастични најави за враќање на Португалецот во Серија А.

Според информациите на влијателниот римски весник „Ил Месаџеро“, Роналдо следната сезона би можел да го носи дресот на Рома.

Иако до неодамна се пишуваше дека Рома сака да го доведе Паоло Дибала, се чини дека Римјаните се свртеа кон поголем залак по освојувањето на Лигата на конференциите.

Во Рим сакаат да ја искористат ситуацијата околу доаѓањето на новиот тренер на кормилото на Јунајтед, Ерик Тен Хaг, кога се уште не се знае дали сака да го задржи Кристијано Роналдо во своите редови.

Од друга страна, Роналдо имаше можност да соработува со актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па двајцата добро се познаваат.

Токму Мурињо изразил желба да го доведе Кристијано Роналдо во Рома.

Нè очекува жешка трансфер година.

Слични содржини