Роналдо до Јунајтед: „Имам понуда од ривалски клуб“!

од Vladimir Zorba

Роналдо побара трансфер. Веќе нема дилема, тој сака да замине една година пред истекот на договорот и тврди дека има понуда, иако официјално никој не им се обратил на „црвените ѓаволи“. Имено, Кристијано преку агентот Мендеш побарал од Манчестер Јунајтед да ја наведе цената за да донесе пари и да го напушти клубот.

Неговиот агент предложи поради лојалност клубот да го ослободи Роналдо без обештетување, но тоа беше одбиено.

Се шпекулира дека Португалецот сака да го напушти „Олд Трафорд“ за да игра во Лигата на шампионите. Се споменуваат неколку заинтересирани клубови, 37-годишниот Кристијано, кој пропушти добар дел од воведните подготовки и не отпатува за Азија, пред неколку дена се појави во тренинг центарот на клубот.

Може да игра против Рајо Ваљекано, претходно Јунајтед игра против Атлетико, клуб кој наводно е заинтересиран за Роналдо, но навивачите на „јорганџиите“ се жестоко против.

Англиските медиуми не наведуваат кој клуб наводно сака да ја знае цената за да плати обештетување, но наводно се сугерира дека Мендеш споменал ривалски клуб, кој може да биде само Челси. Сити и Ливерпул не се заинтересирани.

Покрај тоа, се зборуваше и за Наполи, како и за Баерн, но последното е малку тешка опција…

Слични содржини