Роналдо доби часовник од скапоцени камења и кожа од алигатор – Вреди 800 илјади евра!

од Radmila Tasevska

Покрај специјалниот договор, Роналдо доби и специјален рачен часовник. Имено, производителот на луксузни часовници „Jacob & Co“. произведе рачен часовник кој го прославува трансферот на Роналдо во Ал-Наср.

По Мундијалот во Катар, Кристијано Роналдо (37) бараше клуб во кој ќе игра во Лигата на шампионите, но на крајот заврши во Саудиска Ал-Наср, која на верноста на Португалецот му плаќа 200 милиони евра годишно.

-Добив специјален договор, но и јас сум посебен, па тоа е нормално – изјави Роналдо по потписот.

А покрај специјалниот договор Роналдо доби и специјален рачен часовник. Имено, производителот на луксузни часовници „Jacob & Co“ произведе рачен часовник кој го прославува трансферот на Роналдо во Ал-Наср. Тоа се нарекува Caviar Flying Tourbillon „Tsavorite“.

Часовникот е покриен со скапоцени камења од цаворит, најскапите и најретките од сите гранати, чиј зелен изглед оддава почит на бојата што доминира на знамето на Саудиска Арабија. Се вели дека цаворите се 200 пати поретки од смарагдите и имаат многу поспектакуларен сјај.

Куќиштето на часовникот е направено од 18-каратно бело злато и 27 накит, а содржи и резерва за енергија од 42 часа, додека ременот е направен од зелена кожа од алигатор, пишува GiveMeSport.

Луксузниот рачен часовник е направен специјално за најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, па не може да се најде на слободниот пазар, но Hypebeast проценува дека на пазарот би достигнал цена од 800.000 евра.

Слични содржини