Роналдо доби признание кое Меси сè уште го нема

од Nikola Popovski

Петкратниот најдобар фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, е годинешен добитник на наградата „Златно стапало“ за неговиот придонес во фудбалот.

Станува збор за престижна награда, каде што победниците ги оставаат своите стапала на шеталиштето во Монте Карло, како филмските sвезди во Холивуд.

„Голем дел, среќен сум што моите стапалa ќе бидат заедно покрај големите шампиони. Им благодарам на сите што гласаа за мене. Јас секогаш ќе дадам се од себе да играм што е можно подобро и да постигнувам голови“, изјавиl Роналдо.

Интересно, најголемиот ривал на Роналдо, Лионел Меси сеуште ја нема добиено оваа награда, која се доделува само еднаш во неговата кариера, на фудбалери постари од 28 години.

Прв победник во 2003 година беше Роберто Баџо, следен од Павел Недвед, Андреј Шевченко, Роналдо, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Роналдињо, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Златан Ибрахимовиќ, Дидие Дрогба, Андрес Иниеста, Самуел Ето, Џанлуиџи Буфон, Икер Касилјас, Единсон Кавани и Лука Модриќ.

Слични содржини