Роналдо е горд на соиграчите: Направивме се, но ќе се вратиме посилни!

од Nikola Popovski

Репрезентацијата на Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Белгија, а најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо не го криеше разочарувањето.

Капитенот на Португалија истакна дека неговата репрезентација не го постигнала резултатот што го очекуваше, но истакна дека е горд на тимот.

– Не го постигнавме резултатот што го посакувавме и го напуштаме натпреварувањето порано отколку што очекувавме. Но, ние сме горди на она што го покажавме, направивме се што можеме за да ја задржиме титулата европски шампион. Овој тим покажа дека може да донесе голема радост на Португалците – напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Актуелниот европски шампион беше елиминиран од Белгија, губејќи со 1: 0.

– Честитки за Белгија и им посакувам многу среќа на сите екипи кои останаа во натпреварувањето. Што се однесува до нас, ќе се вратиме посилни – изјави напаѓачот на Португалија и Јувентус.

Кристијано Роналдо го надмина Мишел Платини во овој шампионат по бројот на голови во овие натпреварувања, а израмни со иранскиот фудбалер Али Даеј по бројот на постигнати голови за националниот тим (109).

Слични содржини