Роналдо ги шокирал лекарите на Јувентус: Покажал неверојатен напредок во тестовите

од Vladimir Zorba

Јувентус беше една од првите екипи што реши да се врати во тренинг центарот по пауза од два месеци. Играчите конечно можат да тренираат во групи и се многу мотивирани.

Клубот од Торино очекува борба за Скудетото до крајот на сезоната, но и Лигата на шампиони, што е приоритет за овој клуб.

Тутоспорт пишува дека фудбалерите на Јувентус се многу мотивирани да ја продолжат сезоната, а тоа особено се однесува на Кристијано Роналдо. Тој целосно ги шокирал сите со својата форма кога се вратил по двомесечна пауза.

35-годишниот играч покажал неверојатен напредок во тестовите на силата и ја подобри својата почетна брзина и издржливост. Тој успеал да го стори сето тоа, иако тренираше дома во изолација.

Неговата неуморна работа се исплатеше, а лекарите на Јувентус тврдат дека тој е повеќе физички способен отколку што беше случајот во март кога сезоната беше прекината

Слични содржини