Роналдо го купи најскапиот автомобил досега, ќе се произведат само 10 (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо одлучи да се поднови откако се пресели во Манчестер, а неговата гаража ќе добие редок „ѕвер“.

Тоа е „Bugati Centodieci“, кој се уште не е официјално произведен. Досега е изграден само прототип, а ќе се соберат само 10. Сите примероци се веќе купени, а во јавноста протече само дека еден од купувачите е легендарен фудбалер.

Од следната година, кога треба да му го испорачаат автомобилот, Кристијано ќе може да забрза во ова возило за 2,4 секунди до 100 километри на час, а доколку сака, ќе може да достигне максимална брзина од 300 километри на час.

Роналдо веќе ги има Мекларен Сена, кој го купи минатата година за 750.000 фунти, Ферари Ф430, Ролс-Ројс Фантом, Ламборџини Авентадор, Бентли Континентал ГТЦ и Масерати Гран Кабрио.

 

Слични содржини