Роналдо го надмина Двајн Џонсон по заработка на Инстаграм

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо (36) се искачи на првото место кога станува збор за заработка од реклами на неговиот Инстаграм профил, и го „симна“ американскиот актер Двејн „Рок“ Џонсон од лидерската позиција, објавија британските медиуми.

Роналдо, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една реклама на својот профил, објави компанијата „Hopper HQ“, која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.

Двејн Џонсон, кој има 250 милиони следбеници, наплаќа 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде, која може да заработи 1,51 милиони долари.

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (224 милиони следбеници) има можност да заработи 1,1 милиони долари за реклама на својот Инстаграм профил.

Слични содржини