Роналдо го продаде својот луксузен авион, позната е причината

од Nikola Popovski

Според шпанските медиуми, Кристијано Роналдо го продал својот приватен авион што го купил во 2015 година за 20 милиони евра.

Станува збор за моделот „Gulfstream G200“, еден од 250 персонализирани модели на авиони, произведен од 1999 до 2011 година, кој може да прими десет луѓе и е опремен со луксузни додатоци како фрижидер, микробранова и електрична печка, WI-FI, телефон и комплет мултимедијален систем.

Иако засега не се открива ниту идентитетот на купувачот, ниту цената за која се договорил, порталот „Abc“ ја откри причината поради која Кристијано Роналдо решил да го продаде авионот, кој го користел последните години со својата партнерка Георгина Родригез и неговото семејство (последен пат летал во Саудиска Арабија), но и го изнајмувал на богати патници (цената се движела од 6.000 до 10.000 евра на час).

На Португалецот, кој имаше и екипаж од тројца пилоти и две стјуардеси, едноставно му требало поголем авион со оглед на тоа што го прошири своето семејство, дури и ако се уште не ја нашол вистинската алтернатива.

Но, со плата од 200 милиони евра годишно во Ал Наср, голема е веројатноста дека неговата потрага ќе биде многу кратка и успешна.

Слични содржини