Роналдо и Мегваер четири дена пред дербито против Ливерпул дознале дека нема да бидат стартери

од Vladimir Zorba

На цели 4 дена пред дербито против Ливерпул, Кристијано Роналдо и Хари Мегваер дознале дека нема да бидат стартери на Манчестер Јунајтед, тврди „Сан“. Мечот беше минатиот понеделник и го добија „црвените ѓаволи“ со 2:1. Британскиот таблоид откри дека претходниот четврток менаџерот Ерик тен Хаг ги собрал своите играчи на 2-часовен разговор, во кој уште тогаш најавил дека напаѓачот и капитенот нема да бидат во стартните 11.

Холанѓанецот во овие 120 минути го критикувал својот тим за слабиот старт на сезоната во Премиер лигата (два порази) и бил дециден дека играчите ќе се усогласат со него, а не обратно.

Самиот Роналдо не кажа ништо во текот на целиот период, иако другите играчи на Јунајтед ги коментираа работите.

На помалку од една недела до затворањето на пазарот (вечерта на 1 септември), Кристијано Роналдо се уште е дел од Манчестер Јунајтед, но и понатаму се појавуваат извештаи дека тој сепак би можел да замине.

Слични содржини