Роналдо и Меси ги отфрлија саудиските милиони, не сакаат да промовираат земја што има лоша репутација

од Vladimir Zorba

Пред извесно време, Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одбија големите пари што Саудиска Арабија им ги понудила за промовирање на туризмот во земјата и генерално да ги претстават во подобро светло во светот.

Англискиот весник „Телеграф“ дознава, пренесува „Марка“, дека Саудијците им понудиле и на двајцата по шест милиони евра за таа услуга на годишно ниво, секако, индивидуално. Нивната прва опција беше Роналдо, а кога тој одбил, се обидоа и со асот на Барса, но тој исто така ги „откачил“ преку своите претставници.

Саудијците можеби ќе го подобреа својот имиџ ако успееја да ги убедат двајцата великани да ги промовираат во светот, но сигурно е дека Роналдо и Меси би го нарушиле сопствениот углед поради тоа, па затоа е јасно зошто ја одбиле профитабилната понуда.

Познато е дека Саудиска Арабија е земја која има лоша репутација поради сериозни повреди на човековите права, и многу меѓународни организации со години носат негативни извештаи за тој сегмент од владата на оваа земја, кој сега се обидува барем маркетингшки да ја „разубави“ реалноста.

Саудијците започнаа голема кампања „Посетете ја Саудиска Арабија“, во чиј дел се планираше Меси или Роналдо да бидат ударни промотори, но тие добија едно големо „не“ од најголемите фудбалери на денешницата.

Слични содржини