Роналдо испрати помош во Турција и Сирија, откриено колку изнесува неговата донација

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е голем човек. Славниот португалски фудбалер испрати огромна хуманитарна помош за Сирија и Турција кои беа погодени од разорни земјотреси.

Роналдо бил крајно потресен од она што се случи во овие земји, па им испратил полн авион за помош на настраданите од оваа природна катастрофа.

Фудбалерот на Ал Наср испратил шатори, пакети со храна, перници и ќебиња, бебешка храна и млеко како и медицински материјали во Турција и Сирија.

Донацијата на Роналдо е проценета на 350.000 долари.

Ова не е прв пат Кристијано да учествува во вакви великодушни хуманитарни акции, а се проценува дека досега дал неколку милиони евра хуманитарна помош.

Хуманиот потег на Роналдо наиде на големи пофалби низ светот, а тој уште еднаш даде пример како познатите личности треба да се однесуваат во вакви ситуации.

Слични содржини