Роналдо ќе биде менаџер на Јунајтед за 18 месеци?

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо за 18 месеци ќе биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед, тврди поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд!

Шервуд, кој играше за неколку клубови од Премиер лигата и репрезентацијата на Англија во текот на неговата кариера, посочува дека е разумен потег на Јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер не ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите или евентуално ФА Купот за тоа време.

– Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека тој ќе стане менаџер во моментот кога ќе ја заврши кариерата. Тој дава инструкции од клупата во последните неколку години. Видовте во финалето на Европското првенство 2016 година кога беше со селекторот на Португалија, но и за време на гостувањето на „црвените ѓаволи“ во Швајцарија неодамна – рече Шервуд и додаде:

– Можам да се обложам дека тој ќе биде менаџер на Јунајтед за 18 месеци доколку Солскјер нема резултати. Ова не е Роналдо од првиот мандат. Тој сега знае што е потребно и ако има желба да застане до менаџерот и да дава одредени инструкции, треба да му дозволите да го стори тоа. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа со постар тренер, на пример, ако Мурињо е менаџер, но исто така треба да го прашате Роналдо зошто мисли дека треба да стане.

Солскјер веќе е под голем удар од навивачите и јавноста поради испаѓање од Лига купот на стартот. Тој не освои ништо откако дојде во Јунајтед, а поразот во финалето на Лига Европа минатата сезона најмногу боли.

Сега кога ги донесе Варан, Роналдо и Санчо во тимот, Солскјер е под голем притисок да ја заврши сезоната освојувајќи барем еден трофеј.

Слични содржини