Роналдо конечно негативен за корона

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо беше повторно тестиран за коронавирус и сега се покажа негативен.

Еден од најдобрите фудбалери во светот доби позитивен тест на Ковид-19 на 13 октомври и оттогаш е во карантин.

Според италијанските медиуми, Кристијано се опоравил, оздравел и неговиот последен тест за коронавирус е негативен.

„Кристијано Роналдо се враќа. Тој се тестираше негативен за коронавирусот“, рече Фабрицио Романо, познат италијански фудбалски новинар.

loading...

Слични содржини