Роналдо, Меси, Нејмар и Мбапе се простија од Пеле (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалскиот свет тагува откако по долгата и тешка битка со болест почина легендарниот Пеле. Во својата 82-ра година од животот бразилската легенда почина во болницата во Сао Паоло.

Најголемите ѕвезди на фудбалот се простија од Пеле преку своите официјални профили на социјалните мрежи. Најемотивни пораки испратија Нејмар и Кристијано Роналдо, додека од Бразилецот исто така се простија и Лео Меси и Килиан Мбапе.

„Пред Пеле, десетката беше само број. Јас сум ја прочитал оваа фраза некаде во некој момент во животот. Сепак, оваа реченица беше некомплетна. Би кажал дека пред Пеле фудбалот беше само спорт, а тој потоа промени сè. Го претвори фудбалот во уметност, во уживање. Даде звук на сиромашните, даде визија на Бразилците. Фудбалот и Бразил го кренаа статусот, благодарение на Кралот!

Тој замина, но неговата магија останува.

Пеле е вечен!“, напиша Нејмар.

„Мое искрено сочувство до сите во Бразил, особено до семејството на Едсон Арантес до Насцименто. Искрено збогум до Кралот Пеле, кое никогаш нема да биде доволно да се изрази болката која ја чувствува фудбалскиот свет. Тој беше инспирација за милиони, референца, денес и засекогаш. Никогаш нема да биде заборавен, неговата меморија ќе живее вечно во срцето на секој фудбалски фан. Почивај во мир Кралу Пеле“, напиша Роналдо.

„Кралот на фудбалот нè напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено“, напиша Мбапе.

„Почивај во мир, Пеле“, напиша Меси.

Слични содржини