Роналдо: Може да се пензионирам на крајот на сезонава, може и на 40

од Vladimir Zorba

Една од легендите на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо, откри кога може да се очекува да се пензионира. Тој сега има 34 години, а за жал за сите љубители на спортот, овој момент се приближува со страшна сила.

Според Португалецот, крајот на неговите денови како активен спортист може да дојде дури и на крајот на оваа сезона, но може да дојде и за пет години. Се чини дека тој сè уште не ја сфатил сериозно оваа тема, иако тој веќе е на сериозна спортска возраст.

„Искрено, можам да ставам крај сега, можам да играм сè додека не наполнам 40 години. Само сакам да уживам во моментот и да играм фудбал со задоволство“, изјави ѕвездата на Јувентус за португалската ТВИ.

Новата сезона за него сè уште не започната во пракса, бидејќи „старата дама“ ја отвора својата кампања овој викенд. 34-годишниот играч има одиграно 998 официјални натпревари и до крајот на месецот ќе влезе во престижниот „клуб 1.000“ за играчи кои имаат четирицифрен број на натпревари во кариерата.

Слични содржини