Роналдо не е добредојдена личност во соблекувалната на Јунајтед

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо не е добредојдена личност во соблекувалната на Јунајтед. Тој е далеку од статусот на омилена личност, во која уживаше во ерата на Сер Алекс Фергусон, кога соиграчи му беа Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Пол Сколс…

Како што пишува англискиот таблоид „Дејли мејл“, соиграчите на Кристијано Роналдо го сметаат за штетен и славеле кога слушнале дека сака да си замине од „Олд Трафорд“. Преодниот рок е речиси при крај, но Португалецот се уште не успеал да најде клуб кој би сакал да го ангажира.

Во последниве недели, името на Кристијано Роналдо беше ставено во контекст на преселба во неколку силни европски клубови. На крајот неговиот менаџер Жорже Мендеш не успеа да го реализира трансферот. Португалецот го одбија Челси, Пари Сен Жермен, Баерн, Дортмунд… Се зборуваше за Атлетико од Мадрид, се зборуваше за Марсеј, враќање во Лисабон за да се приклучи на Спортинг. Сега како можни дестинации на Роналдо ги споменуваат Милан или Наполи.

Според англиските медиуми, соиграчите на Кристијано Роналдо едвај чекаат да го видат неговиот грб. Се зборува дека станал фигура на раздор во тимот бидејќи не им ги простувал грешките на соиграчите, редовно ги коментирал и ширел негативност во соблекувалната. Наводно, Роналдо оди дотаму што бара од Хари Мегваер и Маркус Рашфорд да играат на нивото на кое некогаш играа Рио Фердинанд и Вејн Руни.

Кристијано Роналдо оваа сезона за Јунајтед настапи на четири натпревари во Премиер лигата, но одигра само еден од првата до последната минута. Ниту постигна гол, ниту пак забележа асистенција.

Слични содржини