Роналдо: Не сакам да правам споредби меѓу Јувентус и Реал

од desk2

Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ овојпат со Јувентус, а на прес-конференцијата пред натпреварот со Манчестер јунајтед одби да прави споредби меѓу италијанскиот првак и Реал Мадрид.

– Не сакам да правам споредби меѓу мојот поранешен клуб и оној каде сега играм. Двата клуба се одлични. Воедно многу ми е драго што имав можност да играм овде во Манчестер јунајтед, потоа во Реал па сега во Јувентус, истакна Роналдо. 

Според него, на Јувентус нема да му биде лесно на „Олд Трафорд“.

– Не очекува тежок натпревар. Јунајтед се добар тим, особено кога играат дома. Но, ако играме добро, имаме шанси да победиме, наведе Роналдо.

Јунајтед утре во третото коло од групата Х во Лигата на шапионите го пречекува италијанскиот првак.

– За мене, во емотивна смисла ова враќање е голема работа. Свесен сум за историјата. Овде освоив бројни трофеи, а Сер Алекс Фергусон никогаш нема да го заборавам и oттука сакам да го поздравам, нагласи Роналдо.

Тој наведе дека е среќен во Јувентус и во Серија А, а им се заблагодари на сите во клубот кои му помогнале брзо да се прилагоди.

Слични содржини