Роналдо објаснил зошто не се појави на погребот на Жота

Британ

од desk2
163 прегледи

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо не присуствуваше на погребот на соиграчот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Тоа ги изненади сите во фудбалскиот свет, знаејќи дека Роналдо и Жота беа големи пријатели.

Британските медиуми ја открија наводната причина за отсуството на Роналдо на денешната погребна церемонија во Порто.

Според весникот „Мирор“, Роналдо решил да не се појави од страв дека неговото присуство ќе привлече преголемо внимание од луѓе што би сакале да го видат и тоа би ја нарушило тажната атмосфера во гратчето.

Имено, каде и да се појави, околу Роналдо се собираат многу фанови.

Роналдо се јавил на семејството на Жота, го изразил своето сочувство и ја објаснил причината за отсуството, пишува „Мирор“.

 

Слични содржини